Меѓународен ден на жената

Дружење и почит кон сите жени

На 5 март 2020 година во просториите на градската четврт Нови Загреб блескаше од убавина – од шармот на убави жени и цвеќе.
Имено, по повод Меѓународниот ден на женат 8 Март, Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб организираше дружење со кафе и колачи , на кое беа собрани членките на СМНМ ГЗ, членки од МКД Охридски бисер и гостинки членки од другите совети на национални малцинства од Загреб.
Се зборуваше за положбата на жените од праисторијата до денес и заеднички се прославија социјалните, економските и политичките достигнувања за кои жените со своето знаење, труд и влијание се избориле. Настанот го нарековме женски разговори на кој разменивме наши искуства и меѓусебно поделивме цвеќе и им заблагодаривме на сите жени кои ја граделе и ја унапредуваат положбата на жената во општеството.
На дружењето присуствуваа и г-ѓа Елизабета Кнорр, заменичка на Прочелницата на Градскиот уред за Меѓуградска и меѓународна соработка и промовирање на човековите права и г-ѓа Лилјана Клашња, помошничка на прочелницата во Секторот за промовирање човекови права,цивилно друштво и национални малцинства.

Зорица Велиновска