Факултет за драмски уметности Скопје во Загреб

На 29 мај 2015 година, на театарската сцена „Видра„ (дел од Сатиричниот театар „Керемпух„) се одигра претставата „Различни„. Факултетот за драмски уметности Скопје се претстави со шест едночинки на студентите од Катедрата по Филмска и Театарска драматургија пред Македонците кои живеат во Загеб и пред широката јавност. Артин Селмани, Мона Паскалова, Сашо Кокаланов, Марина Трајковска, Ивана Димова и Калија Киселички создадоа шест современи приказни кои се инспирирани од секојдневниот живот и под влијание на политичкото општествениот контекст во кој живееме. Координатор на проектот беше м-р Катерина Момева, режисери – Драгана Милошевска Попова и Драгана Стојчевска и пом. режија Дамјан Костовски. На штиците од театарот Видра (именуван по прекарот на Марин Држиќ), претставата ја одиграа шест млади актери, некои од нив сѐ уште студенти, а некои само што дипломирале: Мирјана Трповска, Никола Наковски, Емине Халил, Јеткин Сезаир, Марко Богдановски и Вирџинија Ристевска. Претставата имаше и своја оригинална музика, компонирана од Глигор Кондовски.