Дена на Советот 2015

Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб на 9 октомври 2015 година го прослави Денот на Советот. Советот за свој Ден го избра Денот на народното востание на Република Македонија 11 Октомври.
По интонирањето на хрватската и македонската химна, манифестацијата започна со воведен збор на претседателот на Советот Томе Апостолоски. Претседателот говорел за активностите во Загреб и соработката со останатите македонски здруженија низ Хрватска, како и за соработката со матичната земја Македонија и дијаспората.
Следеше настапот на вокалната група „Езерки„, која изведе нeколку македонски песни.
Присутните можеа да ја проследат и проекцијата на фотографии на Советот од оснивањето до денес, по што следеше заедничко дружење со македонски специјалитети и македонски вина.
На свеченоста присуствувале и Сулејман Табаковиќ, советник во Министертсвото за управа, Мачеј Качоровски, советник во амбасадата на Република Македонија во Загреб, Костадинка Велковска, во име на градоначалникот на Град Загреб, потоа претседателот на Координацијата на Советите и претставниците на националните малцинства за Град Загреб, Золтан Балаж Пири, свештеникот на Македонската православна црква во Загреб, протоереј Кирко Велински, потпретседател на Заедницата на Македонците во Р.Хрватска и претседател на МКД „Охридски бисер„ од Загреб, Благој Штерјов, претставничка на македонското национално малцинство за Задарска жупанија, Мирјана Мајиќ и претседателката на Хрватско-македонско друштво од Загреб, Јудита Реј Худечек.