Тркалезна маса – Современи трендови во Република Македонија

20170515_102333На 15. мај 2017 година во Европски дом, одржана е тркалезна маса под името „Современи трендови во Република Макеоднија„ во организација на Амбасадата на Република Македонија во Република Хрватска и Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб a со подршка од Атлантскиот совет на Хрватска, Хрватското здружение за меѓународни студии – Центар за меѓународни студии и Европското движење Хрватска.
На самиот почеток присутните ги поздравија проф. Радован Вукадиновиќ и вршител на должноста во Амбасадата на Република Макеоднија Мачеј Качоровски.
Гости предавачи беа проф. д-р Жидас Даскаловски, од Факултетот за безбедност при Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола, Република Македонија, проф. д-р Ненад Марковиќ, од Правниот факутет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје, Република Македонија, проф. Стефано Пилото, од МИБ училиште за менаџмент од Трст, Италија и д-р сц. Моника Беговиќ, од Атлантскиот совет на Хрватска.
Модератор беше ценетиот проф. д-р сц. Радован Вукадиновиќ, од Високото училиште за меѓународни односи и дипломатија.
Меѓу присутните гости беа и Будимир Лончар, претседател на Советот Томе Апостолоски, многубројни амбасадори и конзуларни претставници во Република Хрватска и новинари.