Тркалезна маса „Македонија – вчера, денес, утре„

11На 26. мај 2017 година во салата на Зелена акција во Загреб, се одржа тркалезна маса – трибина под назив „Македонија – вчера, денес, утре„ со осврт на сегашната ситуација во Република Македонија, поточно, политичките превирања и борбата за превласт на водечките странки гледана преку очите на еден новинар.
Предавач Марјан Велевски, заменик на главниот и одговорен уредник на весникот „Нова Македонија„ ги објасни званичните ставови врзани со моменталната политичка ситуација во Македонија. Тој нагласи дека патриотизмот кон својот народ и држава се искажува пред сѐ преку професионалноста и почитувањето на новинрските стандарди – чесно, коректно и одговорно информирање на јавноста.
На трибината присуствуваа Томе Апостолоски, претседател на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб како и многубројни членови на Советот, Ангел Митревски, член на Советот за национални малцинства при Владата на Република Хрватска како модератор, Костадинка Велковска, изасланичка на градоначалникот на Град Загреб како и многубројни други гости.