Студиско патување во Македонија

59-2Студиското патување во Македонија, по програмата на Советот, реализирано е во втората половина на јуни 2017 година. Патувањето започна на 21 јуни 2017 година во 22:00 часот и траеше шест дена. Учесници на ова студиско патување беа освен членовите на Советот и членовите на Хрватско македонско друштво од Загреб и Хрватскиот сојуз на есперантисти.
Во рамките на студиското патување групата ги посети: Етно село Тимчевски во близина на Куманово, археолошко наоѓалиште Куклица во близина на Кратово (Камени кукли), Етно село на Водно, црквата Св. Пантелејмон, Музејот на воштани фигури – „Музеј на македонската борба„, Даутпашин амам, Стара чаршија, родната куќа на Мајка Тереза, старата железничка станица, манастирски комплекс Св. Јован Бигорски, Охрид, Самоилова тврдина, Плаошник, црква Св. Софија, Свети Наум, Залев на коските, Битола, антички град Хераклеа и Прилеп.
Групата се врати во Загреб на 27 јуни во утринските часови.