Ден на Координацијата 2017

6Ден на Координацијата на советите и претставниците на националните малцинства на Град Загреб одбележан е на 10 декември 2017 година во Малата сала на КД Ватрослав Лисински во Загреб. Ова е традиционална манифестација на Координацијата, која ја сочинуваат советите и претставниците на 18 национални заедници на Град Загреб, а која за свој Ден го зеде 10 декември, кој е воедно и Меѓународен ден на човечки права.
На почетокот од програмата присутните ги поздрави Душан Мишковиќ, претседател на Координацијата, и ги запозна со активностите реализирани во текот на годината. Потоа на присутните им се обрати и Александар Толнауер, претседател на Советот за национални малцинства при Владата на Република Хрватска и градоначалникот на Загреб Милан Бадиќ, кој изјави дека мултикултуралноста, мултиетичноста и мултиконфесионалноста на Загреб, го гарантираат мирот, сигурноста и отвореноста.
Во музичкиот дел од програмата учествуваа мешовит хор „Монтенегро„ на Друштвото на Црногорците и пријатели на Црна Гора „Монтенегро„ од Загреб, словенското малцинство го претставија дуото „СЛО„ Ана Шоштар ,клави и Матиќ Закоњшек, тенор, српското малцинство мешовит хор на кутурното друштво „Просвјета„, македонското малцинство го претстави хорот „Моми бисерни„ кое делува при Македонско културно друштво „Охридски бисер„ од Загреб, додека Ива Синти и Антонио Франчиќ, ученици од I. Гимназија од Загреб, кои ја посетуваат наставата по македонски јазик и култура по моделот „Ц„ на Министерството за образование на Република Хрватска, ја испејаа песната „Елено керко„. Чешкото малцинство беше претставено од детската танчерска група „ Zahrebske sluničko“,, бошњачкото малцинство беше претставено од мешовит пејачки хор „Босна„ додека Данел Детони, пијанист, го претстави унгарското малцинство. Староградските албански песни ги интерпретираше меципранистица Бернардина Мједа во придружба на пијано на проф. Андреја Ѓелиќ. Жидовското малцинство го претстави музичката група „Jewsers“, а полското малцинство вокалната група „Висла„. Бугарското малцинство беше претставено од Стефан Кокошков, тенор и Бијанка Ивас, мецосопран.
Програмата ја водеше Кармела Вуков Цолиќ, а учесниците на прославата можеа да ја разгледаат изложбата на фотографии од малцинските заедници од Град Загреб кои ги сними познатиот и повеќепати наградуваниот хрватски фотограф Тони Хнојчик.