Денови на македонскиот филм

Во период од 4 до 9 октомври 2018 година Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб и МКД Охридски бисер од Загреб, во Кино Тушканац огранизираа Денови на македонскиот филм. Програмот под името Панорама: Од ризницата на македонскиот филм реализиран е благодарејки на сесрдна помош на Кинотека на Македонија, Вардар филм Македонија и Хрватски филмски архив.
Манифестацијата е одржана по повод Денот на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб кој се слави на 11 октомври. Манифестацијата е отворена со филмот Проколнати сме Ирина од 1973 година, во режија на Никола Ангеловски и донесува пресек на најинтригантните остварувања создадени во Македонија во текот на југословенскиот период. Вкупно се прикажани 13 наслови – 11 долгометражни и 2 краткометражни филмови создадени во периодот од 1958-86 година.
Разновидни филмови избрани во овој циклус го позиционираат македонскиот филм во пошироката рамка на кинематографијата на бившата држава, давајќи му заслужено видливо место претставувајќи ги неговите различни самосвојни димензии. Сите филмови имаат хрватски поднаслови и титлови.
Манифестацијата ја отвори претседателот на Советот Томе Апостолоски а програмот говореа директорот на Кинотека на Македонија, Владимир Ангелов и водителот на филмскиот програм во Кинот Тушканац, Марко Ројниќ.
На отварањето на манифестацијата беа присутни претставникот на Амбасадата на Република Македонија во Република Хрватска, трет секретар, Башким Мисими, Костадинка Велковска, во името на градоначалникот на град Загреб, Милан Бандиќ, доживотниот претседател на Заедницата на Македонците во Република Хрватска, Никола Гроздановски, директор на Вардар филм Македонија, Арсим Рамадини, бројни претставници од македонските асоцијации, претставници на останатите национални малцинства, како и други видни луѓе од општествениот и јавниот културен живот во Загреб.