Театарска претстава „Синиот портокал„-Џо Пенхол

На 17 декември 2018 година во салата на Културниот центар Травно гостуваше националниот Театар Јордан Х.К. Џинот од Веселе, со претставата „Синиот портокал„.
Претставата „Синиот портокал„ е македонска праизведба на истоимениот драмски текст на британскиот автор Џо Пенхол, кој во своите драми се занимава со современиот социолошки контекст, а ликовите за кои пишува се индивидуи кои бараат себереализација во општеството кое робува на бирократизација и меѓучовечки ривализам.
Станува збор за саркастична комична пиеса, која се осврнува на расата, менталната болест и британскиот живот во 21-виот век. За прв пат е поставена во 2000 година во Националниот Театар во Лондон.
Во центарот на оригиналната пиеса се двајца психијатри кои се обидуваат да се справат со млад шизофрен пациент, афроамериканец кој доаѓа од црнечкото гето, кој во постановката на драмата во Велешкиот театар се вика Ерџан и е ром, кој заглавува во лавиринтот на својата шизофренија, но и во лавиринтот на психијатриската клиника.
Во претставата настапуваат актерите Самоил Стојановски, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски. Драматургијата е на Катерина Момева, сценографијата на Филип Коруновски а автор на музиката е Сашко Костов.