Четврти мандат

СОВЕТ НА МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО МАЛЦИНСТВО ЗА ГРАД ЗАГРЕБ

– четврти мандат –

На 31 мај 2015 година по четврти пат беа одржани изборите за членови на советите и претставниците на националните малцинства во единиците на локалната и подрачната (регионална) самоуправа.

Според податоците на Градската изборна комисија, во Град Загреб евидентирани се 1.269 гласачи припадници на македонското национално малцинство, запишани во избирачкиот список, од кои на изборите излегле 49 бирачи, односно 3,86%, и избраа 25 кандидати за Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб.

Конститутивните седници на советите избрани на 31 мај 2015 година, за девет совети на националните малцинства од Град Загреб, се одржаа на 2 јули, во загрепската Градска управа. Седниците ги свика градоначалникот Милан Бандиќ, врз основа на Одлуката на Владата на Република Хрватска за давање овластувања за свикување конститутивни седници на советите на националните малцинства.

Од 25 избрани членови во Советот на македонското национално малцинство, за претседател по втор пат е избран Томе Апостолоски а за заменичка на претседателот Лилјана Грујоска.

Нови членови на Советот на македонскто национално малцинство за Град Загреб:

1. Томе Апостолоски
2. Елизабета Петровска
3. Рената Фирст
4. Лилјана Грујоска
5. Орце Ламбевски
6. Лазар Тошанов
7. Александар Качуров
8. Марија Георгиева Петриќ
9. Верка Гојиќ
10. Марјан Гиговски
11. Благој Штерјов
12. Ѓорѓи Тодоровски
13. Ацко Вељановски
14. Даниела Јованова Иванковиќ
15. Цветко Поповски
16. Владе Малечков
17. Трајан Петковски
18. Горан Стојковски
19. Виолета Штерјова
20. Катерина Зековиќ
21. Цветанка Шестан
22. Слободанка Ловењак
23. Недка Тркуља
24. Благоја Мирчевски
25. Златка Шолаја