Втор мандат

 СОВЕТ НА МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО МАЛЦИНСТВО ЗА ГРАД ЗАГРЕБ

– Втор мандат –

Да потсетиме:

првите избори за членови на совети и претставници на националните малцинства во единиците на локалната и подрачната (регионална) самоуправа во Хрватска се одржаа на 18 мај 2003 г. Тогаш, ние Македонците од Загреб ги избравме првите членови на нашиот Совет на мандат од четири години. Навистина тие години поминаа многу бргу, и на 17 јуни 2007 година, повторно излеговме на избори за членови на нашиот Совет во Загреб.

Потоа, на покана од градоначалникот на Град Загреб, г. Милан Бандиќ, во Градското поглаварство, на 29 август 2007 година се одржа Конститутивна седница на Советот.

На седницата се верифицирани 23 члена на Советот на мандат од четири години, а по втор пат за претседател на Советот е избран г. Анастас Саша Оџаклиески (Биографија). За заменик на претседателот е избран г. Стојан Трајков.

Членови:
* Анастас Саша Оџаклиески, претседател
* Стојан Трајков, заменик на претседателот
* Анка Рабузин
* Лиљана Димова – Петеренел
* Марија Георгиева – Петриќ
* Тоде Чучуковски
* Калијана Дукиќ
* Виолета Матракоска
* Орце Ламбевски
* Михаил Ничота
* Рената Фирст
* Горан Колески
* Милутин Ѓорѓевски
* Марјан Гиговски
* Благој Штерјов
* Никола Гроздановски
* Кирил Јовев
* Верка Гојиќ
* Јосипа Боршчак
* Стојче Кметски
* Марко Паризоски
* Антоанета Штефанчиќ
* Александар Качуров

Во меѓувреме, на 12.11.2007 година, Советот ја одржа својата втора седница на која ги избра членовите на Претседателството:
* Анастас Саша Оџаклиески, претседател
* Стојан Трајков, заменик на претседателот
* Марија Георгиева – Петриќ, член
* Верка Гојиќ, член
* Горан Колески, член

На истата седница Советот го донесе Програмот на работа и Финансискиот план за 2008 г. и ги избра членовите на работните тела на Советот – одбори и комисии.