Tрет мандат

СОВЕТ НА МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО МАЛЦИНСТВО ЗА ГРАД ЗАГРЕБ

 – трет мандат-

На 10 јули 2011 година по трет пат се одржаа избори за членови на совети и претставници на националните малцинства во единиците на локалната и регионалната (подрачна) самоуправа во Република Хрватска.

Според податоците на Изборната комисија, во Град Загреб се евидентирани вкупно 1449 избирачи од македонска националност. На изборите излегле 149 избирачи, т.е. околу 10% од запишаните избирачи кои избрале 23 члена на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб. Бидејќи три кандидати имаа ист број гласови (за преостанатите два члена) Владата на Република Хрватска донесе одлука Советот да може да се конституира и работи со 23 члена.

Потоа, на покана од градоначалникот на Град Загреб, во просториите на Градската управа на 07 септември 2011 година е одржана Конститутивната седница на која се верифицирани 23 члена на Советот на мандат од четири години. За претседател на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб избран е господинот Томе Апостолоски, а за заменик на претседателот избран е господинот Орце Ламбевски.

На 22 септември 2011 одржана е втората седница на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб на која е избрано претседателство, кое заедно со претседателот и заменикот на претседателот има вкупно пет члена. Освен тоа, формирани се Одбори и Комисии како постојани работни тела на Советот.

Членови на Советот:

  1. Томе Апостолоски – претседател
  2. Орце Ламбевски – заменик на претседателот
  3. Лазар Тошанов – член на претседателство
  4. Лилјана Грујоска – член на претседателство
  5. Рената Фурст – член на претседателство
  6. Верка Гојиќ
  7. Владе Малечков
  8. Анастас Саша Оџаклиески
  9. Благоја Мирчевски
  10. Марија Георгиева-Петриќ
  11. Александар Грозданоски
  12. Никола Гроздановски
  13. Горан Стојковски
  14. Зоран Богдановски
  15. Елизабета Петровска
  16. Ацко Вељановски
  17. Горан Колески
  18. Даниела Јованова Иванковиќ
  19. Кирил Јовев
  20. Марјан Гиговски
  21. Цветко Поповски
  22. Ристо Стерјовски
  23. Ѓорѓи Тодоровски