Прв мандат

СЕМАКЕДОНСКА КООРДИНАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА

– прв мандат-

 Формирана е врз основа на член 3., 14. и 15. од Уставот на Република Хрватска и III. поглавје од Уставниот закон за правата на националните малцинства (Народни новини 155/2002) и Спогодбата за формирање на Семакедонска координација во Република Хрватска, склопена на ден 26.11.2004 година.

Во организацијата на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб на ден 26.11.2004 год. во хотелот Палас во Загреб свечено е потпишана Спогодба за формирање на Семакедонска координација во Република Хрватска.

Свечено е потпишана Спогодба помеѓу:

* Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб застапен од претседателот Анастас Оџаклиески
* Советот на македонското национално малцинство за Град Риека застапен од претседателот Михаило Давчевски
* Советот на македонското национално малцинство за Град Пула застапен од претседателката Олга Ангеловска
* Советот на македонското национално малцинство за Град Сплит застапен од претседателката Аница Плазониќ
* Претставник на македонското национално малцинство за Истарска жупанија, Славица Сагадин
* претставниците на македонското национално малцинство за Приморско-горанска жупанија, Лефко Цветковски и претставникот на македонското национално малцинство за Сплитско-далматинска жупанија, Владимир Апостолски, одлуките за потпишувањето на Спогодбата ги донесоа порано, а самата Спогодба ја потпишаа по горе спомнатата свеченост.

На истата седница по потпишувањето на Спогодбата присутните потписници одржаа конститутивна седница на Семакедонската координација во Република Хрватска на која се избрани:

* Анастас Оџаклиески –претседател на Семакедонската координација
* Михаило Давчевски –потпретседател
* Олга Ангеловска –потпретседател
* Аница Плазониќ –потпретседател

Избраното раководство на Семакедонската координација воедно се и членови на претседателството на Семакедонската координација во чиј состав треба да биде избран уште еден член од редовите на избраните претставници.
Зацртани се главните цели на Семакедонската координација за наредниот период, и тоа:

поднесување на барање за регистрација на Семакедонската координација како правен субјект

да се изврши подготовка за избор на претставници во единиците на локалната самоуправа на територијата на цела Хрватска во кои сме имале услови за избор, а не сме ги оствариле во претходните изборни циклуси за совети и претставници на македонското национално малцинство

истакнување и решавање на проблемот на сегашната застапеност на македонското национално малцинство во Собранието на Република Хрватска, а во контактите со службените претставници на властите во Република Хрватска и Република Македонија преземање на разни активности во решавањето и подобрувањето на статусот на македонското национално малцинство во Република Хрватска