Втор мандат

СЕМАКЕДОНСКА КООРДИНАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА

– Втор мандат –

На 17 јуни 2007 год. во Хрватска се одржани втори по ред избори за членови на совети и претставници на националните малцинства во единиците на локалната и подрачната (регионална) самоуправа.

Со многу голем ангажман во припремите за тие избори и тоа на ниво на цела Хрватска учествуваше Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб во рамките на Семакедонската координација во Р. Хрватска и Македонскиот младински форум – ММФ.

Со задоволство можеме да кажеме дека целиот труд се исплати, бидејќи по прв пат ние Македонците во Хрватска избравме членови на совети и претставници секаде каде што на тоа имавме право.

Сега во Хрватска имаме вкупно 4 совети и 10 претставници на нашето малцинство.

На 23 ноември 2007 година, во Загреб е одржана Конститутивна седница на Семакедонската координација во РХ во втор четиригодишен мандат.

Со свеченото потпишување на Анексот на Спогодбата за формирање на Семакедонска координација во РХ, сите новоизбрани претставници на македонското национално малцинство во Република Храбатска, се вклучија во работата на таа наша кровна асоцијација.

Следи попис на сите совети и нивните претседатели и попис на претставниците на македонското национално малцинство.

Совети (Vijeća):

* Совет на македонското национално малцинство за Град Загреб, Анастас Саша Оџаклиески – претседател
* Совет на македонското национално малцинство за Град Ријека, Михаило Давчевски – претседател
* Совет на македонското национално малцинство во Градот Сплит, Венка Џанко – претседателка
* Совет на македонското национално малцинство за Град Пула, Мирјана Дика – Дужман – претседателка

 Претставници (Predstavnici) на македонското национално малцинство за

* Загребска жупанија – Лена Ѓапиќ
* Сисачко – мославачка жупанија – Живко Давидовски
* Приморско – горанска жупанија – Левко Цветковски
* Задарска жупанија – Мирјана Мајиќ
* Осиечко – барањска жупанија – Драгољуб Сиљаноски
* Вуковарско – сремска жупанија – Бранко Атанасовски
* Сплитско – далматинска жупанија – Владимир Апостолски
* Истарска жупанија – Тодор Брдарски
* Дубровачко – неретванска жупанија – Ацо Павловски
* Град Осиек – Марија Чинчурак

На конститутивната седница е избрано раководство на Семакедонската координација во РХ:

Претседател: по втор пат, Анастас Саша Оџаклиески
Заменици на претседателот: Мирјана Дика – Дужман и Михаило Давчевски

Претседателство на СКРХ:

* Анастас Саша Оџаклиески
* Мирјана Дика – Дужман
* Михаило Давчевски
* Венка Џанко
* Бранко Атанасовски
* Живко Давидовски
* Мирјана Мајиќ